Драма во Чаир, полицијата била принудена да пука: Десетина лица ги попречувале во апсење
Вчера околу 18:45 часот додека тројца полициски службеници на подрачјето на Чаир извршувале службени дејствија со цел приведување на лице барано поради сомнение за сторено кривично дело, од страна на десетина лица биле спречени во извршување на службената задача.
Како што се наведува во полицискиот билтен, бидејќи лицата се оглушувале на наредбите, од страна на полициските службеници во воздух се испукани предупредувачки куршуми.
Се работи на расчистување на случајот.



