Дончиќ со 52 поени го предводеше Лејкерс до победа во Јута
Лос Анџелес Лејкерс се врати од -18 и благодарение на фантастична партија на Лука Дончиќ дојде до триумф од 132-123 на гостувањето кај Јута Џез.
Натпреварот почна лошо за Лејкерс, Јута во неколку наврати во првите две четвртини имаше предност и од 18 разлика, но во продолжението од мечот таа почна да се топи.
Клучен за победата беше Лука Дончиќ кој постигна 52 поени, имаше 10 асистенции и осум скокови, Ривс реализираше 29 поени. Најдобар кај Јута беше Марканен со 28 поени.
Резултати:
Јута – Лејкерс 123-132
Бруклин – Индијана 109-136
Минесота – Торонто 117-94
Њујорк – Орландо 102-111
Оклахома – ЛА Клиперс 108-101
Филаделфија – Детроит 93-106
Сакраменто – Мемфис 112-123



