МагазинНајново

Дожд, засилен ветер и заладување – нестабилно време и во следните денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во претпладневните часови на места ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе биде засилен, а повремено и силен.

Минималните температури ќе се движат од 8 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во наредните денови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег.

Од денеска до почетокот на викендот ќе дува засилен северозападен ветер, кој повремено и на места ќе биде силен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons