Двојно убиство во Кратово извршено со нож- сторителот е во полиција 

МВР објави првични информации за двојното убиство во Кратово. Осомничена е сопруга на еден од убиените. Како оружје е наведено дека користела нож. Нема детали за мотивот и дали злосторството е поврзано со семејно насилство.

Полициски службеници од ОВР Кратово вчеравечер околу 22:08 часот, ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово.

-Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди, информира МВР.

По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.

В.И. е приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons