Дарио Ивановски втор на маратонот во Белград
Македонскиот маратонец Дарио Ивановски продолжува да реди врвни резултати.
Ивановски уште еднаш ја потврди својата форма на меѓународна сцена, освојувајќи го второто место на маратонот во Белград.
Македонецот истрча силна трка и патеката ја комплетираше со време од 02:09:33 часа, што беше доволно за место на пиедесталот, иако овојпат остана без нов личен рекорд. Нашиот најдобар маратонец беше многу блиску до триумфот, финиширајќи на дваесетина секунди зад победникот.
Првото место му припадна на Гемсиса Гада, кој со резултат од 02:09:08 часа постави нов рекорд на патеката и за нијанса беше побрз од македонскиот претставник.



