(ВИДЕО) ОВА Е СТРАШНО: Објавена снимка од страотната трагична железничка несреќа во Грција, возовите возат на иста пруга 

На социјалните мрежи се појави видео од судирот на патничкиот и товарниот воз во близина на градот Лариса, каде сегашните проценки се дека загинале 40 патници.

Од видеото се гледа како возовите возат на иста пруга и се движат со брзина од 166 километри на час, но не можат да го избегнат судирот, пренесува „Прототема“.

Според грчките медиуми, се проценува дека бројот на загинати ќе се зголеми. На лекување се 72 повредени, од кои шестмина се на интензивна нега. Претходно грчката државна телевизија ЕРТ објави дека меѓу 50 и 60 лица се уште се водат како исчезнати.

Грчкиот министер за инфраструктура и транспортКостас Караманлис поднесе оставка, а премиерот Киријакос Мицотакис, по посетата на местото на несреќата, трагедијата ја опиша како „неопислива“ и изрази искрено сочувство до роднините на жртвите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons