Белингем се израмни со Де Брујне и Бекам во Лигата на шампиони
Англискиот репрезентативец Џуд Белингем продолжи со одличните настапи за Реал Мадрид, а со постигнатиот гол против АЕК (3-2) се израмни со две фудбалски легенди во Лигата на шампиони (ЛШ).
Белингем стигна до бројката од 16 погодоци во ЛШ, со што се израмни со Кевин Де Брујне и Дејвид Бекам на вечната листа на стрелци во елитното европско натпреварување.
Ѕвездата на „кралевите“ има само 23 години и набрзо се очекува да ги помине двајцата фудбалери на листата.
Англичанецот игра за „кралскиот тим“ од 2023 година, откако претходно го носеше дресот на Борусија Дортмунд и Бирмингем.



