А. Пандев и тренерот Стојчев се разделија 

Управата на Академија Пандев по денешниот пораз од лидерот на табелата Струга ТЛ во рамки на шестото коло во Првата фудбалска лига, одлучи да се раздели со тренерот Ѓорѓе Стојчев.

Академија Пандев во првите шест кола забележа две победи, едно реми и дури три порази и се наоѓа на петтото место на табелата со седум бода, 11 помалку од лидерот Струга Трим Лум.

Ѓорѓе Стојчев на клупата на А. Пандев седна по заминувањето на Александар Васовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons