АктуелноСпорт

Ѓоковиќ победи на Австралија опен и ја освои својата 22. грен-слем титула

Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови го победи Стефанос Циципас во финалето на Австралија опен и ја освои својата 22. грен-слем титула со која се израмни со Рафаел Надал. 

Новак Ѓоковиќ по десетти пат стана шампион на Австралија опен, српскиот тенисер доминираше во текот на целиот турнир, од првиот меч до финалето. Ова беше посебно емотивна титула за Новак Ѓоковиќ по случувањата кои ги имаше во Австралија минатата година кога беше депортиран од таму. Во денешното финале беше подобар од Стефанос Циципас со 3-0 во сетови. Во првиот сет со еден земан брејк, Новак беше подобар со 6-3, во следните два сета се играше тајбрејк, во првиот Ноле победи со 7-5, а во вториот со 7-5. Ова беше вкупно 22. грен-слем титула за Новак Ѓоковиќ со која се израмни со Рафаел Надал.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1619662713340174337?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1619662713340174337%7Ctwgr%5Ef3e19dcc55d371916ef226887aabbf1c9f11b430%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsport%2Fdrugi-sportovi%2Fgjokovikj-pobedi-na-avstralija-open-i-ja-osvoi-svojata-22-gren-slem-titula

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons