МакедонијаНајново

Четиринаесет пожари на отворено во Македонија, пет сè уште се активни

Најсериозно е на подрачјето меѓу Студеничани и Зелениково, каде огнот зафатил мешана шума, а активни пожари има и кај Македонски Брод, Илинден и Сарај, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот кај Тајмиште е ставен од контрола.

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13 часот денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати.

Најголем активен пожар е регистриран на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селото Моране, преку Вртекица и Рамни Габер, со крак кон селата Палиград и Вражале. Огнот зафатил мешана шума, а пожарот се протега на територија на две општини.

Активен пожар има и на подрачјето на Македонски Брод, кај селото Драгов Дол, во месноста Видуш и во близина на селото Локвица. Таму гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Во Општина Илинден се регистрирани два активни пожари – едниот кај Логистичкиот центар на КАМ, каде гори ниска вегетација, а другиот кај селото Бујковци, исто така со зафатена ниска вегетација.

Петтиот активен пожар е во Општина Сарај, кај селото Бојане, каде гори шума.

Еден пожар е ставен под контрола во Општина Кичево, во близина на селото Тајмиште, во месноста Дарда. Таму бил зафатен дел од високостеблеста букова шума.

Во текот на денот, пожарникарите успеале да изгаснат уште осум пожари на отворен простор.

Во Струмица, пожарот на улицата „Ристо Ќурчиев“ зафатил ѓубре, додека во Василево, кај селото Пиперево, гореле ниска вегетација и ѓубре.

Во Делчево, кај селото Бигла, пожарот зафатил борова и дабова шума и ниска вегетација.

Пожар на ѓубре бил регистриран и на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово.

Во Јегуновце, кај селото Туденце, горела ниска вегетација, додека во Гостивар биле изгаснати два пожара – кај селата Горна Ѓоновица и Чајле, каде исто така била зафатена ниска вегетација.

Во Врапчиште, пожарот кај селата Ломница и Ѓерѓевиште зафатил мешана шума.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons