Финска ги крена борбените авиони
Вонредна состојба и зајакнат надзор во воздушниот простор беа регистрирани во Финска, по појавата на непознати летала над поширокиот регион на Хелсинки.
Државниот врв веднаш реагираше со активирање на сите одбранбени капацитети на армијата за да се спречат евентуални ескалации.
Иако утринава соопштија дека опасноста веќе е помината, премиерот на земјата нагласи дека воените сили остануваат на штрек.
„Властите преземаат мерки. Одбранбените сили ги зајакнаа своите капацитети за надзор и одговор. Ги поканувам сите да ги следат известувањата на надлежните органи“, рече премиерот Петери Орпо во објава на социјалната мрежа X.
Службите за безбедност веќе отворија истрага за да се утврди потеклото и целта на сомнителните беспилотни летала.
Во меѓувреме, сите јавни институции, училиштата и аеродромот во главниот град ја продолжија својата работа со вообичаено темпо.



