Актуелно

Училиште во Турција ќе го носи името Македонија, во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот 

Училиште во турскиот град Малатија, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес, ќе биде изградено со средствата собрани од македонските граѓани и ќе го носи името на нашата држава. 

Црвениот крст и Црвената Полумесечина одлучиле собраните хуманитарни средства во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиштето. 

„Во акцијата е собрана донација на парични средства во вкупен износ од 63.380.807 денари. Oд собраните средства, 12.427.334 денари, се испратени на сметката за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за помош на настраданото население во Сирија“, соопшти Црвен крст. 

Новото училиште ќе го носи името на Македонија, а 32 училници ќе ги носат имињата на градовите на нашата држава.  Овој акт ќе остави траен белег и доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција. 

Покрај парична и техничка помош, во извлекување на повредените учествуаа и пожарникари од целата земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons