Судијата од последното финале на ЕП ќе го суди мечот меѓу Македонија и Шкотска
Францускиот судија, Франсоа Летексие, ќе го суди натпреварот во Скопје меѓу Македонија и Шкотска кој се игра во сабота во рамките од третото коло во Лигата на нации.
Еден од најценетите европски судии во овој момент, е избран да го суди натпреварот во Скопје.
Каква доверба ужива Летексие во УЕФА најдобро говори фактот што тој го судеше финалето на последното Европско првенство, во 2024, дуелот меѓу Шпанија и Англија.
На теренот ќе му помагаат сонародниците Сирил Муние и Мехди Рамуни, додека улогата на четврти судија ќе ја има Гјом Паради.
Во ВАР-собата ќе бидат Французинот Матје Вернис и Белгиецот Ван Дрисше.
Летексие досега само еднаш ѝ има судено на македонската репрезентација. Тоа се случи токму во Скопје, на натпреварот против Италија, кој заврши без победник.



