Актуелно

Судење за „Пулс“: Прочитани исказите на клучните сведоци кои не се достапни на органите на прогон, одбраната обвинува дека Обвинителството свесно ги крие

Во импровизираната судница во затворот „Идризово“, денеска беа прочитани исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Судот донесе ваква одлука бидејќи двајцата сведоци подолг период се недостапни за органите на прогон.

Одбраната на обвинетите остро се спротивстави на ваквата одлука, тврдејќи дека овие сведоци се клучни за да се утврди кој навистина ја внел пиротехниката во објектот.

„Да беа изведени ќе отпаднеше теоријата на обвинителството дека тој ја внел пиротехниката во дискотеката и дека обезбедувањето требало да му изврши проверка“, изјави еден од адвокатите на одбраната.

Во прочитаниот исказ, сведокот Пепеларовска опишала како непознато машко лице ги поставувало прскалките на бината и како двајца луѓе се обиделе да го изгаснат пламенот. Одбраната, пак, тврди дека Обвинителството свесно не ги обезбедува овие сведоци за да ја заштити својата теорија на случајот.

„Судот можел да даде наредба да бидат спроведени, со оглед дека има информации дека едниот сведок на 2 мај бил во државата“, реагираше одбраната.

Од Обвинителството појаснија дека Дарио Трифунов е во странство и неговото семејство не оставило контакт, додека МВР потврдило дека и Пепеларовска е недостапна. Процесот продолжува со сослушување на директорот на Судска медицина, Александар Станков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons