Спорт

Седлоски: Критикувајте ме мене, дајте им поддршка на фудбалерите

Македонија утре со почеток од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор Проески“, македонските фудбалери ќе се обидат да го прекинат голгетерскиот пост и да остварат позитивен резултат.

Македонија има црна низа, десет меча по ред сме без победа, а на последните шест немаме постигнато гол. Но, атмосферата не е нарушена, така вели селекторот Седлоски. Тој очекува добра игра и добар резултат.

„Атмосферата е добра. Ве молам дајте им поддршка на овие фудбалери, критиките нека одат кај мене, јас ја подмладувам репрезентацијата. Во договорот со Федерацијата одлучивме да ја подмладуваме селекцијата и тоа е процес за кој е потребно време“, вели Седлоски.

„Алиоски се врати нормално на тренинзите. Сите играчи се здрави, нема потреба да викаме нови фудбалери“.

„Работам, гледам, пратам, целта ми е да ја направам Македонија среќна. Подготвени сме да излеземе на терен, да покажеме карактер и да продолжиме да играме фудбал каков што игравме во Словенија од каде сум задоволен со исклучок на резултатот. Сакам да играме офанзивен фудбал, да напаѓаме. Можеби пак ќе играме со двајца напаѓачи“.

„Шкотска се многу физички силно, остро, играат со нафрлувања. Ние треба да ја спуштиме топката на земја, да не го прифатиме нивниот стил на игра. Во спротивно ќе биде тешко“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons