Спорт

Репрезентативец на Македонија е МВП на колото во Евролигата

Големо признание за македонскиот кошаркарски репрезентативец и играч на Валенсија, Ти Џеј Шортс, тој заедно со Зек Ладеј од Хапоел Тел Авив го подели признанието за најкорисен играч во седмото коло од Евролигата.

Ти Џеј Шортс одигра фантастичен меч во победата на Валенсија над својот поранешен клуб Париз од 104-93.

Американскиот плејмејкер кој настапува за Македонија го заврши натпреварот со 25 поени и девет асистенции. Неговиот учинок му донесе индекс на корисност од 33, доволен за највисокото индивидуално признание во колото.

Шортс се препороди во Валенсија каде продолжува да го покажува својот квалитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons