Просториите на КАРИЛ поплавени, нема да примаат нови пациенти
Вчерашното невремето предизвика поплава во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, КАРИЛ. Моментално на Клиниката не се примаат нови пациенти. Оваа информација за Канал 5 ја потврди министерот за здравство, Беким Сали. Тој вели дека КАРИЛ не е целосно затворена, туку таму и натаму има пациенти. Министерот Сали вели дека се поплавени магацински простории на КАРИЛ, а поради безбедносни причини не се примаат нови пациенти и се препраќаат во други болници.