МакедонијаНајново

Претреси на повеќе од 40 локации во голема акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и пари

Во тек е голема полициска акција на МВР која трае веќе два дена, а во која неофицијално се најдени дрога и оружје при претреси на над 40 локации.

Неофицијално, повеќе новински портали објавија дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР координирано со сите Сектори за внатрешни работи и организациска единица за службени кучиња, продолжуваат со воспоставениот континуитет на работа и вршат претреси на над 40-тина локации веќе два дена.

Според информацииите, пронајдени биле дрога, оружје, пари, мачети и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Според пишувањата на медиумите, станува збор за акција која е продолжение и резултат на координираното постапување на сите организициски единици на МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons