Петрушевски: Филипче не гледа закана за идентитетот, затоа што за него власта е поважна од националните интереси
Филипче отворено покажува дека е подготвен да оди и чекор подалеку од својот претходник Заев кога станува збор за исполнување на бугарските барања.
Додека Бугарија продолжува да го оспорува македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче им објаснува на граѓаните дека нема причина за загриженост, затоа што за него националното предавството не е никаков проблем.
Наместо да ги осуди ваквите бугарски позиции, тој ги релативизира и создава простор за нивно прифаќање.
За Филипче нема црвени линии, нема национални позиции и нема државни интереси кои не би ги ставил на маса доколку процени дека така полесно ќе дојде до власт. Истата матрица ја гледавме кај Заев, а денес Филипче ја нуди во уште порадикална форма.
Очигледно е дека Филипче не ја бара довербата од македонскиот народ, туку од оние кои со години вршат притисоци врз Македонија. Затоа и е најгласен кога треба да се оправдаат бугарските услови, а најтивок кога треба да се бранат македонските позиции.
Граѓаните веќе еднаш ја платија цената на политиките на СДС и Заев. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволат истото сценарио повторно да се реализира преку Венко Филипче.Македонија нема потреба од политичари кои бараат власт преку национални отстапки, туку од лидери коишто знаат да кажат „не“ кога се загрозени македонскиот идентитет, јазик, култура и историја.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=DcVKN2-6aDA
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



