Норис ја освои пол-позицијата, Мекларен пред титулата во Ф1
Трката во Абу Даби носи 44 поени во битката за конструкторската титула во Формула 1, но ако се суди според квалификациите, Мекларен е пред понесување на ова важно признание во „најбрзиот циркус“.
Ландо Норис се избори за осма пол-позиција оваа натпреварувачка сезона, а саботата да биде перфектна за Мекларен се погрижи и Оскај Пјастри кој имаше второ најдобро време.