Актуелно

Мицкоски: Во март имавме значаен раст на индустриското производство од 3% споредбено со лани, додека пак трговијата на мало расте со двоцифрен број проценти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите од Државниот завод за статистика за растот на индустриско производство и подобрување во трговијата на мало, изјави: „Конечно во март месец имаме значаен раст на индустриското производство, споредено со март минатата година, од 3 %. Трговијата на мало расте со двоцифрен број проценти, близу 13%, мислам дека беше 12,6%. И тоа кое што можам да го кажам, е дека ние како Влада работиме за зголемување на куповната моќ на граѓаните и ќе продолжиме во таа насока да работиме. За жал, за нас останува сеуште проблем рударството како сектор.

Тука имаме сеуште помала активност на рударството како сектор во првите 2-3 месеци, во првиот квартал. Така што будно ја следиме состојбата и со сите овие нови проекти во индустријата, со сите нови производни капацитети, јас сум охрабрен што преработувачката индустрија расте. И тоа е нешто кое што треба сите нас да нѐ охрабрува. Еве во текот на вчерашниот ден излегоа ТИРЗ зоните, излегоа и тие со свои податоци, така што апсолутно како Влада продолжуваме и понатаму да работиме во интерес на граѓаните и  државата.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons