Македонските параглајдеристи освоија злато и сребро на ЕП во Крушево
Македонија испиша историја на Европското првенство во параглајдинг, освојувајќи го сребрениот медал во екипна конкуренција, додека Ана Бергер се искачи на европскиот трон во женска конкуренција.
Пред домашната публика во Крушево, македонските параглајдеристи стигнаа до историскиот резултат и го освоија второто место, зад шампионот Словенија. Бронзениот медал ѝ припадна на Шпанија.
Уште поголем успех оствари Бергер, која со своите настапи го освои првото место во женска конкуренција и стана нова европска шампионка.
Европското првенство во Крушево се одржуваше од 8 до 19 август, а на него учествуваа 130 пилоти од 30 земји.



