МакедонијаНајновоПолитика

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко Филипче и СДС напаѓаат се што е добро за државата, секоја идеја, секој проект, иста е ситуацијата и со дата центрите. Ширењето на лаги и хистерија не изостанува.

Идејата за развој на овој вид на индустрија ја напаѓаат со некои работи кои датираат од повеќе од пред една декада. Сега Македонија е пазарна економија и јасен е начинот на постигнување на цената на струјата и кој ја плаќа истата. Исто така сега има низа на начни за ладење на водата кои зависат од тоа за што се наменети дата центрите. 

Значи, по овие прашања СДС само шири паника во јавноста. 

Очигледно е дека СДС се против се што е корисно за напредокот на државата или тие се против Македонија.

Од она што го гледавме во време на нивното владеење тие знаат само за развој на марихуана Македонија, за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ развива индустрии како онаа со дата центрите кои се иднината на Македонија, која иако е релативно нова, сепак е развиена индустрија во светот. 

Ова кажува се, какви се намерите на СДС, а какви се на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа јасно е  дека при развојот на оваа индустрија Владата нема да дозволи тој развој да влијае на квалитетот на живот на граѓаните во негативна смисла, туку сосема спротивно.

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=U41082MODLA

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons