Магазин

Кога станува збор за рамнотежата и контролата: Ова е најправедниот и најинтелигентниот хороскопски знак! 

Кога станува збор за рамнотежата и контролата, тогаш Вагите ја добиваат главната улога. Мирољубиви и праведни по природа, луѓето кои припаѓаат на овој знак не сакаат да бидат сами. Партнерството и пријателствата се особено важни за нив, посебно оние со кои се во многу блиски односи. Со својот победнички менталитет и соработка, тие се навикнати своето време да го поминуваат во друштво на личности кои се забавни и со кои можат да разговараат.

Вагата е воздушен знак со изразен интелект и прониклив ум. Во нејзината природа е да биде инспирирана од интересни книги, дискусии, дебати и луѓе кои ѝ помагаат да ја порази досадата. Планетата која владее со Вагите е љубителка на убавите работи – Венера, па за нив квалитетот е секогаш поважен од квантитетот. Опкружени се со уметност, музика и прекрасни места на кои можат да го достигнат својот целосен потенцијал. Бидејќи сакаат да соработуваат, често можете да ги видите како работат на заеднички креативни проекти со другите.

Вагите ја обожаваат рамнотежата и симетријата. Често тоа се личности кои ја ценат рамноправноста, не ја поднесуваат неправедноста и прават сѐ за да ја уништат. Не се склони на соочување со проблемите без причина и повеќе сакаат да го зачуваат мирот. Исто како што се потребни два предмети за рамнотежа, така и Вагите често избираат да се во пар или во група.

Знакот на Вагата се поврзува со бубрезите кои се филтер во исфрлањето на непотребните материи од организмот. Затоа е важно да земаат доволно течности што го намалува притисокот на бубрезите и ја подобрува општата здравствена состојба.

Најголемиот проблем за Вагите е кога се принудени да избираат страна. Понекогаш поминуваат премногу време во спознавање и аргументација на секоја страна поединечно, што забораваат да дадат свое мислење, воопшто. Често се делат во својата неодлучност. Не е ретко да ги видите како полудуваат кога треба да донесат потешка и посериозна одлука, посебно кога ќе откријат некоја дополнителна информација или став. Клучот, се разбира, се наоѓа во таа света рамнотежа кон која се стремат и тежнеат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons