Актуелно

И денеска полиција пред гробот на Гоце Делчев

И денеска полицајци во униформи и во цивил се распоредени околу црквата „Св. Спас“ за да го обезбеди просторот и пристапот кон гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев од евентуални инцидентни состојби. 

Денеска има само една полициска екипа и движењето на граѓаните не е ограничено и има пристап до самата црква „Св.Спас“.

Ваквата одлука на МВР следи по најавеното масовно доаѓање на активисти од Бугари на 4 февруари на гробот на великанот, и откако Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Александар Пандов најави чување на гробот на Делчев со „целодневна херојска стража“.

Полицијата пред се стравува од несакани инциденти помеѓу групи од Македонија и Бугарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons