МакедонијаНајново

Изминатава недела три нови случаи на африканска чума во кумановско

Изминатава недела три нови случаи на африканска чума во кумановско.

Последнава недела регистрирани се три нови случаи на африканска свинска чума,во поширокиот кумановски регион, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Според податоците на Агенцијата нови случаи на болеста кај свињите има во село Арбанашко во општина Старо Нагоричане и во Куманово во село Љубодраг и населбата Карпош.
– Испитувањата во Умин Дол, Ново село и Љубодраг покажаа дека вирусот циркулира во кумановско. Забраната за колење на животни сè уште е на сила, велат од АХВ.

Состојбата со болеста во кумановското село Долно Којнаре е под контрола. Таму спроведена е мерка за депопулација на свињите во одгледувалиштето каде што беше потврдена болеста. Убиените свињи нештетно се отстранети, а извршена е и дезинфекција. На подрачјето на државата од 27 јули до 5 октовмри, годинава уништени се 3.346 свињи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons