МагазинНајново

Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува студен бран

Штип е најтопол град во Македонија утрово, со измерени 12 степени Целзиусови, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за температурата на воздухот во 7 часот.

По Штип, највисока утринска температура е измерена во Демир Капија, каде се регистрирани 11 степени, додека во Гевгелија температурата изнесува 10 степени.

Во Скопје утрово се измерени 7 степени Целзиусови.

Најстудено е на Попова Шапка, каде температурите се спуштиле до 2,7 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на квадратен метар за 24 часа, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а максималните ќе достигнат од 6 до 12 степени.

УХМР

Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови и кон крајот на денот. Температурата ќе се движи од 5 до 10 степени.

Врнежливото време ќе продолжи и во текот на викендот под влијание на циклонска активност. Во сабота локално се очекуваат пообилни врнежи, кои ќе надминат 30 литри на квадратен метар за 24 часа.

Со продорот на постуден воздух од север, дождот на некои од пониските места ќе преминува во снег и дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. На планините се очекува формирање снежна покривка до 20 сантиметри, а на повисоките места од 2 до 10 сантиметри.

Во недела, кон крајот на денот, врнежите постепено ќе престанат, а од понеделник следува стабилно, но студено време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons