Возач прегазил седумгодишно дете во Кочани
Дете на возраст од седум години е тешко повредено во Кочани вчера попладне, кога во него со автомобил удрил возач од градот, соопшти полицијата.
„На 14.04.2026 околу 17:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, патничко возило „цитроен“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(40) од Кочани, удрило во седумгодишно дете од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од екипа на ОВР Кочани“, пишува во полицискиот билтен.



