Бројот на жртви ВРТОГЛАВО РАСТЕ: ОВА СЕ ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ од разорниот земјотрес кој го погоди Мароко
Најмалку 632 лица загинаа, а уште 329 се повредени во силниот земјотрес што го погоди централно Мароко, според првичните извештаи.
Земјотресот се случи околу 23 часот по локално време и беше со јачина од 6,8 степени на релативно плитка длабочина од 71 километри југозападно од главниот град Маракеш.
Голем дел од смртните случаи се во планинските делови до кои е тешко да се стигне.
УСГС соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 18 километри под површината на Земјата, додека сеизмичката агенција на Мароко проценила дека епицентарот бил на длабочина од 8 километри. Во двата случаи, ваквите плитки земјотреси се поопасни.
Локалните медиуми објавија дека патиштата што водат до планинскиот регион околу епицентарот на земјотресот се заглавени со возила и блокирани од урнати карпи, што ги забавува спасувачките напори.