МакедонијаНајново

Амбасадорот на ЕУ со коментар за македонското државјанство на Онишченко

Запрашан како го коментира тоа што Владата иако се изјаснува дека е проевропска, дава државјанства на проруски олигарси, амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир, рече дека главен услов за С Македонија, која штотуку ги отворила преговорите со ЕУ е спроведување на законот и реформите. Според него, одговорните лица треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Само што отворивме прелиминарни преговори, додека во срцето на тие преговори е пред сè да се соочиме со законот, но и да ја спречиме корупцијата. Но, нешто што е од особена важност за овие реформи е што и Владата и опозицијата заеднички работат на спроведување на европската агенда. Секоја институција, ако види дека некој сторил кривично дело, мора да го изведе пред лицето на правдата, мора да биде независна во тој процес, а во крајна линија во овој пристапен процес, тоа е нашиот фокус“, рече Гир.

Но, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски изјави дека случајот со Онишченко докажува дека тајните служби не работат како што треба, туку за остварување на нечии лични интереси.

По објавувањето на скандалот со Онишченко, кој е и на американската црна листа, Владата покрена постапка за одземање на државјанството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons