Ќе се договорат ли СОНК и МОН за покачувањето на платите?
Можен е компромис меѓу СОНК и надлежните во однос на покачувањата на платите.
Ова станува јасно од зборовите на претседателот на СОНК Неделков.
Тој при гостување во ТВ емисија кажа дека е можен договор со МОН.
„Може да прифатиме и 18 отсто покачување на платите. Кога станува збор за преговори, тогаш се е можно. Очекуваме Владата да го даде својот предлог за да се преговара“, рече Неделков во гостувањето во емисијата „200“ на Алсат
Училиштата и денес ќе бидат во штрајк, а дали денов ќе донесе промени во тој поглед останува да видиме.