Шпанија е пресилна за македонските ракометарки, убедлив пораз
Во третиот меч од квалификациите за Европското првенство, женската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз, Македонија загуби убедливо од Шпанија со 31-19.
По победите над Азербејџан и Литванија, македонските ракометарки денеска загубија од главниот фаворит, селекцијата на Шпанија.
На мечот кој се играше во СЦ „Борис Трајковски“, Македонија беше рамноправна 20-тина минути, а потоа Шпанија направи серија од 5-0 и на одморот замина со убедлива предност од 17-11.
Во второто полувреме Шпанија тргна фуриозно, ние не можевме гол да дадеме, гостинските направија серија од 6-0 дојдоа до предност од 23-11 која ја одржаа до самиот крај за победа од 31-19.
Сара Ристовска со шест гола беше најефикасна, Јована Кипријановска постигна четири. Кај Шпанија Кабрал Барбоса даде седум погодоци.
На 3. март имаме нов дуел со Шпанија, овојпат на гостински терен.