Македонија

ШОКАНТНО: Една од најголемите фабрики во Македонија ЗГАСНУВА- 800 луѓе остануваат без работа

Околу состојбата во Еуроникел Индустри од Кавадарци се огласи и Сојузот на синдикати на Македонија. 

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) се сериозно загрижени за алармантаната состоја во Еуроникел Кавадарци, пишуваат тие во своето соопштение до јавноста.

„Иднината на оваа компанија е неизвесна дотолку повеќе ако се знае дека во текот на вчерашниот ден генералниот директор на компанијата издал наредба за гаснење на печките. Ваквиот потег значи дека компанијата нема да работи и дека 800 вработени ќе останата без своите работни места.

Во организација на ССМ и СИЕР, работниците и денес се на предупредувачки собир пред компанијата, но информирањето и консултирањето на работниците и синдикатот од страна на раководството на компанијата е во целосен застој и спротивно на работничките права и меѓународните трудови стандарди работниците не се информирани за текот на настаните кои ќе следат во компанијата, а со тоа и нивната судбина и судбината на нивните семејства е целосно неизвесна“, се вели во соопштението од ССМ и СИЕР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons