Цените на пченицата паѓаат по веста за можен договор за жито меѓу Русија и Украина
Руската инвазија на Украина и последователната блокада на пристаништата на Црното Море доведоа до намалување на понудата на пченица – а со тоа и до скок на цените.
Изгледите за договор за прекин на блокадата беше проследена со забележителен пад на цените, пишува Би-Би-Си.
– Цената на фјучерсите на пченицата во Чикаго – клучен репер за глобалниот пазар – беше намалена за повеќе од 3 отсто во петокот наутро, додека мелечката пченица беше намалена за повеќе од 4 проценти се наведува во нивната анализа.
Цената на фјучерсите за добиточна пченица во Велика Британија – европски репер за добиточната пченица (кои се користи за животни) – се намали за речиси 3 проценти.