Цените на основните производи се уште не се намалени
Празниците ги испразнија и така скромните семејни буџети. Рафтовите се полни, а џебовите празни, коментираат анкетираните штипјани, кои се жалат дека и покрај големите најави за намалување на цените на основните прехрамбени продукти, се соочуваат само со поскапување.
– Велат намалување на прехрамбени, на млечни производи на леб, ама нема врска, уште поскапо е, наместо да се намалува, уште повеќе се зголемува. Лажат дека лебот ќе се намали, а се продава за 40, 42 па дури и 45 денари, значи тешка работа.
– Тие велат дека се намалува, а всушост на големо се покачува.
– Не, никакво намалување нема, ништо не е намалено- Анкета штипјани.
Инфлацијата ќе продолжи да галопира и во 2023-тата, стравуваат граѓаните. Подобро ситуираните ќе можат да си дозволат, но за оние со ниски примања во прашање е доведена голата егзистенција.
– Кој како. Ако некој има добри примања, високи плати, нема да има проблем, а ние со 10 000 денари, што да кажеме, вели анкетиран граѓанин
Според податоците на ДЗС трошоците за живот во 2022-рата пораснале за 14,2 %. Една година претходно земјава имаше стапка на инфлација од само 3,2 %.