(фото) ОД АВТОМОБИЛОТ НЕ ОСТАНА НИШТО: Татко и ќерка попладнево загинаа во страшна соораќајка кај Бијелина
Девојка (33 години) и нејзиниот татко (65) загинале кога нивната „шкода“ се судрила со камион на обиколницата околу Бијелина, град во Република Српска, ентитет на Босна и Херцеговина.
Во таа сообраќајна несреќа учествувал и „Голф 5“. Судирот се случил околу 16.30 часот на делот од обиколницата меѓу свртницата за селата Батковиќ и Велика Обарска.
Поради несреќата интервенирале припадници на Полициската управа на Бијелина, Бригадата за противпожарна заштита и Брзата помош од Бијелина, пишува порталот ИнфоБијелина.
📸
📸