МакедонијаНајново

Уште еден пратеник од владеачкото мнозинство против уставните измени 

Енес Ибрахим, пратеникот кој е и член на Партијата за движење на Турците, а која е дел од владејачката коалиција, е против уставните измени.

Тој преку својот фејсбук профил објави дека втората уставна измена што ја предложи власта, а таа е измена во однос на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците, е неуставна.

„Предлог измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија односно Амандманот XII што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците, е НЕУСТАВНО.

Впрочем со новиот предлог бројот на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци, а по еден член ќе имаат сите други заедници.

Со овој предлог не се почитува правичната и соодвената застапеност која е загарантирано со Уставот“, пишува Ибрахим на својот Фејсбук профил.

https://www.facebook.com/758051561/posts/pfbid02p3UdNE3ykjJuUmHw7646E3yXLjYhBb93oZ8DGqt73K7GCW29gy4fwutFCaMMMQ92l/?mibextid=5eVWNK

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons