Уште еден земјотрес ја стресе Македонија утринава
Земјотрес утрово е регистриран во Македонија. Според информации на ЕМСЦ, јачината е 2.1 степен по Рихтер.
Епицентарот е во близина на Битола.
Ова не е прв земјотрес изминатиов период. Последната недела, ова подрачје е доста сеизмички активно.
Сеизмолозите смируваат дека станува збор за редовна сеизмичка активност.