Ученици заразени од салмонела во неколку основни училишта во Скопје
Девет деца затруени со бактеријата салмонела во три основни училишта во општината Карпош, дознава и пренесува порталот Курир, пет ученици се во основното училиште „Владо Тасевски“, три во „Војдан Чернодрински“ и еден пријавен случај во „Јан Амос Комеснки“.
Најмногу, пет деца се затруени со бактеријата Салмонела во основното училиште „Влада Тасевски“ во општината Карпош.
Како што велат родителите на децата од ова училиште, тие најверојатно се затруле со храна која ја приготвува и дава приватна фирма со која училиштето има склучено договор.
Случајот според револтираните родители, умешно го кријат од училиштето, па така не се постапува превентивно од страна на наставничкиот кадар за да ги информираат сите родители во групите на „Вибер“ (групи каде родителите комуницираат со наставничките за теми поврзани со наставата во одделението, секое одделение има своја група).
Од разговор со други родители се дознава дека најверојатно станува збор за бактерија која ја имало во ужинката која ја јадат децата. За храна месечно плаќаме 2500 денари и околу четиристотини денари за ужинка, а сето тоа се уште се крие и децата секојдневно ни јадат од истата кујна. Директорката крие, интерно се шири паника, но никој јавно не посочил да се преземат превентивни мерки или пак да се напомене до родителите чии деца пројавиле симптоми на стомачен вирус дека би можело да биде од оваа бактерија, вели револтирана мајка на ученик во основното училиште „Владо Тасевски“.
Родителите во неколку наврати ги потсетиле наставничките во повеќе одделенија да пишат јавно во „Вибер“ групите да ги информираат родителите, но очигледно биле спречени од директорката за да не се шири паника, а случајот да биде прикриен за во крајност не се раскине договорот со како што тие тврдат фирмата „Ванила фоод“ која ја подготвува храната за децата.
Како што пренесува порталот, вакви случаи на салмонела има пријавено и во основните училишта, „Војдан Чернодрински“ и „Јан Амос Коменски“.