Спорт

Успешен настап на скајмаратонот на Алпите на Дејан Ангелоски и Александар Кирковски 

Македонскиот тим составен од Дејан Ангелоски и Александар Кирковски изминатиот викенд имаше успешен настап на највисоката трка на Алпите, скајмаратонот Монте Роса во Италија. Тие со време од 8 часа и 27 минути се пласираа на 51-то место во конкуренција на вкупно 149 парови колку што стартуваа.

Се работи за високопланинска трка која датира уште од првата половина на 90-тите години како пионерски чекор во најекстремната форма на планинско трчање – скајранингот. Во поново време се трча во парови од по двајца натпреварувачи и привлекува голем број на планински спортисти од различни земји. Скајмаратонот почнува и завршува во селото Алања Валсесиа на околу 1.000 мнв, а се искачува до врвот Маргарита на 4.554 мнв, совладувајќи дистанца од 35 километри и искачување од 3.500 висински метри по суров терен.

Дејан Ангелоски на свои 22 години е повеќекратен македонски шампион во планинско трчање и скајранинг со голем потенцијал за развој во овој спорт, додека Кирковски е пионер од Македонија во брзинските искачувања на високите планини со успешни потфати на Аконкагва, Елбрус, Матерхорн и други.

Учеството на „Монте Роса скајмаратон” е дел од програмата на Планинарскиот клуб “Македон” и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons