Украинците во Македонија утре ќе протестираат поради инвазијата на Русија
Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка” за утре најави одржување на мирен протест против руската воена агресија врз Украина.
Протестот, како што е најавено, ќе започне во 12 часот околу детското игралиште зад Универзална сала во Скопје, а потоа, во 12.30 часот ќе продолжи пред Амбасадата на Руската Федерација на улицата „Пиринска“ бр. 44.