Украинските власти тврдат: Во Мариупол се убиени 22.000 луѓе
Украинските власти проценуваат дека најмалку 22.000 луѓе се убиени во јужниот град Мариупол од почетокот на руската инвазија.
Според градскиот совет на Мариупол, од почетокот на мај на Старите кримски гробишта има 25 нови масовни гробници.
Вкупно, најмалку 16.000 луѓе од Мариупол се закопани во масовни гробници во близина на селата Стари Крим, Мангус и Винохрадине од средината на април.
До средината на март биле погребани уште 5.000 луѓе.
Властите додаваат дека „илјадници тела сè уште остануваат под урнатините, на природните гробишта и во привремените мртовечници“.
Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, изјави: „Го проценивме бројот на загинати во Мариупол на 22.000. Но, сè повеќе факти покажуваат дека последиците од расистичкиот криминал се многу полоши“.