Трите „Ер Трактори“ на ДЗС во јули исфрлиле неверојатни 1.245.000 литри вода
Tрите амфибиски „Ер Трактор“ АТ-802 „Фајр Бос“ со кои располага Дирекцијата за заштита и спасување во текот на 19 интензивни оперативни денови во јули поминале вкупно 208 часа и 45 минути во летови во операции за гаснење пожар.
Станува збор за еден од најстарите „AT-802 Air Tractors“ што лета во светот денес. Произведен во 1996 година.
Малата воздухопловна единица на ДЗС работеше само со тројца пилоти, од нив двајца се пензионираа и се ангажирани со договор, и со поддршка од шест механичари.
Успеале да забележат висока оперативна ефикасност и да „нападнат“ шумски пожари во 498 наврати, испуштајќи неверојатни 1.245.000 литри вода за ганење на пожарите низ цела Македонија.