Три тинејџерки киднапирале и нападнале малолетно девојче во Струмица
Девојки на возраст од 17, 18 и 20 години киднапирале малолетно девојче, го држеле во стан и го нападнале со остар предмет, соопшти МВР.
„На 03.09.2022 околу 18.00 часот во Струмица од полициски службеници од СВР Струмица приведени се 17 годишна малолетничка, С.Р.(18) и С.П.(20) од струмичко (сите три женски лица) откако било пријавено дека на 02.09.2022 околу 20.00 часот во стан во Струмица противправно држеле и физички, со употреба на остар предмет, нападнале малолетничка од Струмица“, се вели во полициското соопштение.
По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.