Македонија

Три години затвор за нудење поткуп кон двајца полицајци 

Велешанецот И.Д (30) денеска од велешкиот суд доби три години затвор за нудење поткуп кон двајца полицајци, објави ТВ Стар.Во Основен суд Велес тој беше прогласен за виновен за кривичното дело „давање поткуп“… Судијката Габриела Гајдова рекла дека, без оглед на тоа што не дал пари,  со самото тоа што нудел поткуп, сторил кривично дело

Демиров беше приведен на 13 мај поради давање поткуп. беше задржан во полициска станица и против него беше поднесена кривична пријава, откако претходно полицајците се посомневале во него поради тоа што носел многу пари со себе.

– При преглед кај него, извршен околу 00.50 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Велес, кај него била пронајдена поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка. Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, И.Д. им понудил пари на полициските службеници за да го пуштат. Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума за да биде ослободен, соопшти тогаш МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons