Трајковски: Шансите за нов ковид бран се големи
Веќе неколку дена мериме зголемена преносливост, со последен седумдневен просек на ефективниот репродукциски број Rt = 1,16 ± 0,67 и тенденција на понатамошен раст (на првиот дијаграм). Веќе 4 дена едноподруго имаме секој ден сé поголеми дневни броеви на нови случаи, споредено со 7 дена претходно, пишува во својата ковид –анализа проф. Дејан Трајковски.
-Шансите за нов бран се големи, по слободна проценка околу 80%. Речиси низ цела Европа бројките растат – од Велика Британија, преку Франција, Германија, Австрија, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Србија до Грција, така што прашање на денови е кога ширењето ќе стане видливо и кај нас. За тоа има услови, пред сé поради укинувањето на сите мерки, и одржувањето на вирусот во циркулација сето ова време од јануари до сега. Дневните бројки беа за 3-4 пати поголеми од истиот период минатата година, односно немавме намалување како што би требало да има, пишува тој.
Погледнете ја целата анализа.