Актуелно

Техничка грешка ги остави матичните без најавенот зголемување

Техничка грешка ги остави матичните лекари без најавеното покачување на парите од Фондот. Во јануарската фактура не добиле зголемување на капитациониот бод од 63 на 75 денари по пациент. Ова предизвикало вознемиреност кај докторите од примарното здравство да не бидат повторно изиграни од властите.

-Сите беа уплашени кога видоа дека се стари пресметките и сумите кои ги добиваат дека се пос таро и веднаш реагиравме до Фондот и добивме информација дека има грешка во софтверот и ИТ секторот која треба да се искорегира. Така да паниката беше голема, но од Фондот остануваат на донесената одлкука и договореното, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

И од Фондот потврдија дека на матичните лекари им биле испратени пресметки со стариот капитационен бод, односно без договореното покачување.

-Истите тие, неправилно креирани грешки во текот на денешниот ден ќе бидат повлечени од страна на одржувачот на системот и во текот на утрешниот ден ќе бидат креирани пресметки на капитацијата со новоутврдената вредност на капитациониот бод, согласно Одлуката на Управниот одбор од 26.12.2022 година, велат од Фондот.

Зголемување на капитациониот бод беше едно од клучните барања на матичните лекари кои лани неколку пати протестираат. Но, според воспоставената пракса  тиа на сметките повеќе пари ќе добијат дури во април, бидејќи испплатата на капитацијата се врши со задоцнување од 2 месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons