Теа Таировиќ верува дека колегите и го местат скандалот „апсење“ во Шведска: Сите ја бараат, но таа ги одби (фото)
Теа Таировиќ, наводно, повторно била уапсена, но смета дека некои нејзини колеги од естрадата и местат вакви приказни за да ја дискредитираат кај сопствениците на клубовите.
Неодамна во медиумите како бомба одекна веста дека пејачката Теа Таировиќ повторно е приведена, овој пат на настап во Шведска. Детал кој дополнително ја подгреа вистинитоста на оваа приказна е фотографијата на која се гледа фолќерката со рацете зад грб, поради што имаше тврдења дека е врзана со лисици, додека зад неа стои лице за кое се вели дека е полицаец.
Сепак, според добро упатениот извор запознаен со настапите, Таировиќ им се доверила на блиски луѓе дека целата афера околу апсењето е измислена и пласирана во медиумите од некои пејачи и естрадни менаџери за да биде дискредитирана од сопствениците на клубови кои буквално ја бркаат.
– Откако го заврши својот блок, Теа застана надвор со обезбедувањето и пушеше. За тоа време полицијата имала редовна рација бидејќи проверувала дали тоа се прави незаконски. Од Шведска, Теа замина во Бугарија, каде пееше на приватна прослава – заклучил изворот.
Инаку, неколку часа по објавувањето на контроверзната вест во медиумите, Теа проговори од Бугарија и го кажа следново:
– Правев се што правам секој викенд – пеев. Го завршив настапот и отидов на аеродром. Сега сум во Софија. Што се однесува до спорната фотографија на која наводно сум врзана со лисици, само да кажам дека стоев со рацете зад грб. Ова го правам многу често, бидејќи ме боли грбот, а покрај мене стоеја и обезбедувачи, што е исто така нормално. Да имав лисици, немаше да можам вака да пеам или да ви се обраќам – рекла Теа во своето обраќање на Инстаграм.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Теа Таировиќ