Сторнирани сметките на БЕГ за месец август
Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, објави дека сметките на БЕГ за топлинска енергија се сторнирани и ќе добијат нови корегирани сметки за месец август.
Претходно првиот човек на БЕГ соопшти дека скопјани за месец август добиле поскапи сметки за 40 отсто затоа што во нив не било пресметано намалувањето на цената преку владиното субвенционирање.
– Оние кои веќе ги имаат платено августовските повисоки сметки, сумата ќе има биде намалена соодветно за повисоката уплатена сума во следните сметки. А во тек на месецов останатите ќе добијат нови коригирани сметки за месец август, рече Бислимоски.