Македонија

Стигна маслото за јадење од Србија, Русија, Бугарија и Украина 

Населението не треба да се грижи, Владата спроведе политики кои обезбедуваат доволно количини на храна, вклучително и масло за јадење, рече на денешната прес конференција министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

– Првите количини веќе се стигнати од Србија, а на увозниците и на трговците е оставено каква динамика ќе спроведат во однос на нивната дистрибуција до купувачите. Не само масло за јадење од Србија, туку масло, рафинирано и нерафинирано, денес стигнува и од други земји. Денес имаме увоз од Русија, од Бугарија и од Украина – рече Николовски.

Тој потенцираше дека се прават политики и во насока на зголемување на домашното производство. Денес е објавен оглас за речиси 6.000 хектари државно земјиште за обработка на поледелски култури.

Земјоделците ќе имаат можност да добијат субвенции за 40 отсто од сметките на ѓубривата. Зелената нафта се субвенционира 50 отсто, а дополнителни пари ќе има и за поголеми приноси на пченица, пченка и јачмен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons